Search

Кривокапиќ: Нападот во Плевље е добро познат метод на режимот во заминување

Носителот на изборната листа на црногорската опозициска коалиција „За иднината на Црна Гора”, Здравко Кривокапиќ попладнево го посети Плевље, каде синоќа се случи инцидент на влезот на Исламската заедница во овој град, оценувајќи дека станува збор за „добро познати методи на владејачката партија и режимот во заминување”.

Според Кривокапиќ, станува збор за „спинување на оние кои сакаат стравот и омразата да надвладеат врз сето тоа што е надвор од човечките потреби”, припишувајќи им ги инцидентите на владејачките структури во Црна Гора.

-Ова се индивидуални, но не случајни инциденти во Бјело Поље, Рожаје, Плевље … Обврска на полицијата, според Уставот и законоте, е да обезбеди ред и мир во цела Црна Гора, рече Кривокапиќ.

Тој на својот профил на Инстаграм објави слика на која се гледа транспарент пред џамијата „Хусеин паша” во Плевље со натпис „Не ги даваме светилиштата”, а еден од оние што го држеше транспарентот беше самиот Кривокапиќ.

Треба да знаете
Последни објави