Корона во белградско училиште уште на 1 септември

Уште на 1 септември коронавирузот влезе во едно белградско основно училиште, а против родителите на момчето кое заразено е испратено во училиште, Министерството за образование поднело пријава до Центарот за социјална работа против повреда на безбедноста на другите деца и несовесно однесување.

Според овие информации, случајот е регистриран во основното училиште „Браќа Јерковиќ“ во белградската населба Железник. Станува збор за ученик од трето одделение, а неговата мајка го испратила на училиште на 1 септември иако ги чекале резултатите од Ковид-19.

Детето било тестирано на 31 август, но родителите и покрја тоа што не знаеле дали тестот е негативен, го испратиле на училиште заеедно со другите деца.

Кога дознала дека детето е позитивно, мајката веднаш ја известила неговата учителка, меѓутоа, тоа веќе ја поминало смената заедно со останатите од групата.

Треба да знаете
Последни објави