Search

Кина од утре воведува директни летови за Пекинг од осум земји

Кинеската управа за цивилно воздухопловство денеска соопшти дека од 3 септември ќе продолжи со директните летови кон Пекинг од осум земји, вклучувајќи ги Тајланд, Камбоџа, Грција, Данска, Шведска и Канада.

Во март, кинеските власти наредија сите меѓународни летови кон Пекинг да бидат пренасочени кон другите аеродроми како нивни први влезни точки, бидејќи главниот град ги засили мерките за борба против увезените зарази со коронавирус.

Кинеската управа за цивилно воздухопловство наведува дека повторно ќе воведе такви мерки доколку повеќе од тројца патници се позитивни на вирусот по пристигнувањето, а тие летови ќе бидат строго контролирани. 

Треба да знаете
Последни објави