Search

Затворени барови на плажа на Миконос поради потврдени случаи на коронавирус кај врботените

Два од најпознатите барови на плажа на грчкиот остров Миконос од синоќа до петок се затворени поради тоа што биле откриени најмалку десет случаи на Ковид-19 кај вработените.

Според грчките медиуми, по спроведените ненајавени тестирања на вработените во саботата, засега се потврдени 13 позитивни случаи.

Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Василис Папагеоргиу во одлуката за привременото затворање на „Намос” и „Скорпиос”, објаснува дека мерката е „поради вонредни причини за справување со сериозна опасност по јавното здравје и особено за сречување на ширењето и последиците од коронавирусот”.

Треба да знаете
Последни објави