Search

Додека Барса е во хаос околу статусот на Меси, Реал во сенка решава проблем со Бејл

Шпанската, но и светската спортска јавност, а посебно фудбалската деновиве е фокусирана на случувањата во Барселона и заминувањето на еден од најдобрите играчи на денешницата Лионел Меси. Додека јавноста е насочена кон разрешницата на овој спор, лутиот ривал на Барселона, тимот на Реал Мадрид има проблем своевремено најскапоплатениот играч во светот Герет Бејл.

Велшанецот Бејл не се согласува да биде продаде. Не прифаќа било каков разговор со раководството на темата за заминување од Мадрид. Според него за разделба има само една опција и таа јасно има ја пренел на челниците во клубот.

-Исплатете ме и ќе заминам им порачал Бејл.

За да го стори тоа, на Реал Мадрид ќе му биде потребна поголема сума на пари. Бејл заработува 17 милиони евра годишно, а има уште две сезони да одработи од договорот. Тоа значи дека на Бејл треба да му платат цели 34 милиони евра за да замине.

Тој не сака да го смени својот став, а на Реал Мадрид останува да одлучи дали ќе го плаќа, а нема да игра, или ќе го исплати и тој ќе замине.

Треба да знаете
Последни објави