Search

Делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров ќе останат без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Знеполе“, Општина Ѓорче Петров. Во периодот од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улцата „95“ во село Волково, корисниците од подулица бр.4 во Ново Село, како и корисниците лоцирани кај спортската сала и кај училиштето во Ново Село, Општина Ѓорче Петров. Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Воин Драшковиќ, Општина Ѓорче Петров, како и дел од корисниците од улицата „Димо Хаџи Димов“ лоцирани околу агенцијата за обезбедување ОСА, како и корисниците од улицата „Димо Хаџи Димов“ бр.122, 123, 124, 125, 126 и 127, Општина Кисела Вода. Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Беас Куле“ и „Гостиварска“, Општина Ѓорче Петров.

Треба да знаете
Последни објави