Search

Вулканите на Курилските острови го загрозуваат воздушниот сообраќај

Активноста на три вулкани на Курилските острови и Камчатка може да го загрозат воздушниот сообраќај, предупредува Серускиот научно-истражувачки Институт за јавна безбедност и вонредни ситуации на руското Министерство за вонредни ситуации.

Во соопштението се наведува дека активноста на трите вулкани претставува потенцијална закана за меѓународниот и локалниот воздушен сообраќај.

Покрај тоа, руски експерти предупредија дека наносите на пепел и камења можат да ја загрозат безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Треба да знаете
Последни објави