Search

Бизнисменот Нефи Усеини и на неговиот брат остануваат во притвор

Битолскиот Апелациски суд го поништи решението на Охридскиот суд да ја прифати понудената оарична гаранција од 30.000 на градскиот советник на ДУИ во Општина Охрид, бизнисменот Нефи Усеини, и на неговиот брат за да бидат пуштени од притвор.

Бидејќи Обвинителството се жалепе на оваа одлука, последниот збор да го имаше битолската Апелација. Тоа значи дека браќата Усеини остануваат и натаму во притвор.

Минатата недела советникот на ДУИ во општина Охрид и неговиот брат се јавија во охридскиот притвор по шест дена бегство, откако го нападнаа Спире Топалкоски на јавно место.

Против браќата се води истрага за насилство и за недозволено држење оружје откако тоа го утврди полицијата.

Треба да знаете
Последни објави