Search

Ангела Георгиевска е нашето Ново Име на танцот

Петтиот циклус на проектот за поддршка на младите таленти од областа на науката, културата, уметноста и спортот успешно е завршен, а последното Ново Име е Ангела Георгиевска од Пробиштип, со танц дојде до својата победа. Наградата до 2.500 евра за унапредување на својот талент, ќе ја искористи да се подготви за европски натпревари и уште повеќе да ја збогати својата колекција на освоени медали.

„Последните три години моите пријателки Ева, Дајана и јас танцуваме модерен танц. Немавме големи финасиски средства, па се пријавувавме само на регионални натпревари, ама успесите не изостанаа. Пресреќна сум што најпосле ќе имаме пари да се подготвиме и да се пријавиме и за поголеми, европски натпревари“, кажа Ангела.

Своето животно мото „Не вежбај да успееш, вежбај да не можеш да погрешиш“ Ангела сигурно ќе го шири по подиумите за танцување, а сите ги повикува да се пријават на „Ново Име“ и да си дадат шанса на себе да освојат вредна награда.

Проектот „Ново Име“ во потполност го поддржува компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА и брендовите ADMIRAL, ASTRA и CASINO FLAMINGO HOTEL, членки на групацијата „Novomatic“ во Македонија, а од јануари пет млади луѓе со победа обезбедија средства да ги унапредат своите знаења и вештини. Ангела стана Ново Име на танцот во Македонија, а минатите месеци на победничкиот трон се најдоа и Сандра Туфеска, Ново Име на цртањето, Влатко Иљачев, Ново Име на пеењето, Антониј Ристески, Ново Име на музиката и Викторија Симеонова, Ново Име на музиката.

Проектот и понатаму продолжува, а сите млади од 16 до 30 години кои сметаат дека поседуваат талент и сакаат да го споделат, да добијат поддршка и да го унапредат, би требало да ги испратат своите пријави до 15. септември. Сите информации за начинот на пријавување се достапни на платформата novoime.mk.

Мислиш ли дека баш ти си шестото Ново Име во Македонија? Пријави се и испробај ја својата среќа!

Треба да знаете
Последни објави