Бројот на новозаразени од Ковид-19 во Белгија продолжува да паѓа

По привременото покачување на новите инфекции со Ковид-19, во последните недели земјата бележи стабилно намалување.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, помеѓу 23 и 29 август, бројката на новозаразени се намалила за дванаесет отсто во споредба со претходните седум дена.

Бројот на хоспитализирани и на починати исто така бележи надолен тренд, -42 отсто за хоспитализациите и -37 отсто смртни случаи во споредба со претходната недела.

Од почетокот на пандемијата речиси десет илјади лица се регистрирани како починати од коронавирусот, а бројот на заразени надмина 85 илјади.

Треба да знаете
Последни објави