Search

Иван Ракитиќ се врати во Севиља

Хрватот Иван Ракитиќ е старо-нов фудбалер на Севиља, потврди клубот од „Санчез Писхуан“. За трансферот на хрватскиот интернационелец Севиља ќе плати 1.5 милиони евра, плус уште девет како бонуси.

Ракитиќ во 2014 година дојде во Барселона, откако со Севиља го освои трофејот од Лига Европа. Веднаш ги освои срцата на каталонските фанови и ги освои срцата на Каталонците. Ракитиќ за Барса апиша 200 настапи и постигна 25 гола.

Во Севиља, Хрватот ќе заработува 3,8 милиони евра годишно, што е двојно помалку од примањата во Барселона. Ракитиќ е роден во Швајцарија, се ожени во Севиља и емотивно е врзан за овој град и заради раѓањето на неговите деца.

Треба да знаете
Последни објави