Search

АНБ: 1800 лица чекаат да им се додели или одземе државјанството

1800 лица чекаат одлука од Агенцијата за национална безбедност да им се издаде или пак одземеме државјанство, изјави првиот човек Виктор Димовски на брифинг со новинарите.

Во споредба со работата на на УБК, сега се вршат речиси двојно повеќе проверки, а планот е до крајот на годината да бидат обработени сите.

Главен предизвик и завршување на т.н реформа во безбедносниот систем ќе биде промена на локацијата на агенцијата и целосна независност во работата. Но за тоа, потребни се посебни безбедносни подготовки и финансии.

-Она што ни преостана, едно од најважните прашања на просторното дислоцирање на Агенцијата, останува како наша обврска наредниот период и во тој контекст очекуваме поддршка од сите институции во државата, а пред се од Владата, посочи Виктор Димовски.

Треба да знаете
Последни објави