Општина Гази Баба: Набавуваме 250 таблети за учениците, обезбедуваме еднакви услови за настава на сите деца

Општина Гази Баба отпочна со набавка на 250 таблети за децата кои немаат како да ја следат он лајн наставата. Целта е да ги надминеме недостатоците кои се јавија лани кога имаше ученици кои не можеа да набават технички уред или во исто време настава требаше да следат две или повеќе деца од едно семејство.

Општина Гази Баба во консултација со директорите и наставниците има точна бројка во кое училиште кому ќе му биде најпотребен овој уред. Секој ученик кој што ќе добие таблет ќе биде одговорен за него и во исправна состојба ќе треба да го врати на крајот од учебната година, со цел да послужат и да други ученици.

На оваа акција, очекуваме да се приклучат и општествено одговорните компании како и секој граѓанин кој би можел да донира или да позајми технички уред за своите сограѓани.

Со ова уште еднаш ја покажуваме нашата посветеност кон квалитетно образование, цел која не води скоро 3 години досега.

Инаку, сите 11 основни училишта веќе се подготвени за старт на учебната година. Благодарение на посветените директори, наставници, градоначаникот Борис Георгиевски и тимот од кабинетот на општината, Гази Баба е подготвена за одвивање на наставата во двата методи. Секое училиште веќе има подготвено своја платформа, протол за влез, излез, за одвивање на настава, протол за дезинфекција како и за движење низ објектите.

1 месец макотрпното и сложното дејствување на сите чинители, ќе биде од полза оваа учебна година да ја поминеме без никакви пропусти.

Треба да знаете
Последни објави