Search

Тројца тешко повредени при судир на мерцедес и мотор

На 30.08.2020 во 16.10 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и сервисна улица која води кон објект  на град Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(46) од Скопје и мопед „бенели“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Џ.Џ.(27) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот Б.М.(30) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и сопатничка од возилото Ц.С.(43) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави