Search

На првиот ден на Спасовски во МВР приведени тројца кумановци- припадници на ИСИС

Изгледа се остваруваат најавите за пресметка со секаков вид на криминал, па и најопасниот, тероризмот, кој очигледно не ја заобиколува ниту Македонија. Утринава, според информации на Канал 5 , полицијата извршила три претреси во Куманово и еден во Скопје и привела тројца кумановци- припадници на ИСИС, кои порано се бореле на боиштата во Сирија, а подолг период се вратени во Македонија со цел регрутирање на нови кадри, но и изведување на напади за потребите на оваа терористичка организација. Истите набавиле огромна количина оружје и воена опрема, а според нашите сознанија полицијата пронашла автоматски пушки и друго оружје, експлозив, елеци за самоубиствени напади, знамиња на ИСИС.

На нашето прашање , од МВР за сега ни потврдија само дека има три приведени лица, но без дополнителни детали.

Треба да знаете
Последни објави