Search

Џафери: Во кој парламент има лупање на маса и викање? Ако не, да се степаме сите тука!

Собранискиот спикер Талат Џафери видно нервозен, ги искара пратениците и Игор Јанушев поради речникот употребен на говорницата и навредливите зборови кои пратениците си ги упатија меѓусебно.

Откако не успеа да ги смири, Џафери им свика на пратениците дека нема технички можности да ги прекине, но може да отстрани по трет пат ако не почитуваат правила. Џафери естоко се искара со пратеникот Игор Јанушев.

– Во кој парламент иума тепање и лупање на маса? Е па ај да се степаме тука сите? Не ме опоменувајте мене. Колегијално, не ми дофрлувај додека зборам Игоре.Не се согласувам дека колегите треба да се апострофираат како топ шоп, паметњаковиќ. Јас нема излез можам двапати да ве опомена , а третиот да ве одалечам било кој од вас, затоа не ми држете предавање. – остро му се обрати Џафери на Јанушев.

– Треба да знаете дека сте во собрание, а не на партиска конференција, свика Џафери. – Не сте веќе кампања и таму тоа не се прави.

Треба да знаете
Последни објави