Search

Јанушев: Оваа влада е топ шоп, може повеќе и подобро

Игор Јанушев повторно упати остри критики кон владата и ја нарече топ шоп влада која само нуди нови производи. Ги обвини за многуте афери кои ги имаат, тендерите и лажните ветувања. Заев го нарече топ шоп мандатар. Упати и критики кон Шеќеринска и ја обвини дека во нејзин мандат, половина Армија заболела од кронавируст, на што наиде на бура од смеење од пратениците.

Јанушев не штедеше остри зброви и за Заев и неговите ветувања, но и за Филипче. Обајцата ги обвини за афери.

– Три години го слушаме како ветува и секоја година е така, вложување во култура и во истиот момент кога за културните работници нема плата, рече Јанушев.

– Како треба јавноста Филишче да ве нарекува со 600 мртви? – праша Јанушев.

Тој се осврна и на пропаѓање на Еуростандард банката.

– Еуростандард пропаѓа, а нашиот топ шоп мандатар ветува економија. – рече Јанушев.

 

Треба да знаете
Последни објави