Search

„Форбс“: Федерер 15-та година по ред е најплатен тенисер во светот

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер веќе 15-та година по ред е најплатен играч на планетата, според најновиот извештај на магазинот „Форбс“.

Федерер е рангиран како најплатен тенисер со рекордни 106 милиони долари за една година, вклучувајќи 100 милиони долари од спонзори и хонорари за настап, објави „Форбс“ на Твитер.

Имено, освојувачот на 20 Гренд слем титули од јуни 2019 до јуни 2020 година инкасирал 106.3 милиони долари. На Швајцарецот не му влијаеше фактот дека во 2020 година не одигра ниту еден меч поради повреда на коленото, а потоа поради пандемијата на коронавирус.

 

Втор по заработка е Србинот Новак Ѓоковиќ кој за наведениот период од јуни минатата до јуни оваа година, инкасирал 44.6 милиони долари.

Далеку позади Федерер е и Шпанецот Рафаел Надал со заработка од 40 милини долари, од кои 65% се спонзорски договори.

Треба да знаете
Последни објави