Search

Најмалку 29 жртви во урнатиот ресторан во Кина

Властите потврдија дека завршила операцијата за спасување на жртвите од несреќата што се случи вчера во Кина, кога се урна двокатен ресторан за време на роденденската прослава.

Во несреќата загинаа 29 лица, а повредени се 28 луѓе од кои седуммина се во критична состојба.

Несреќата се случи вчера претпладне кога двокатен ресторан во село на северот на Кина се урнал за време на прославата на 80-от роденден на еден од неговите жители.

Селото каде што се случила несреќата се наоѓа во округот Чангфен во провинцијата Шанкси, околу 630 километри југозападно од Пекинг.

Локалните власти не соопштија која е причината за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави