Search

Италија: Поплави, силен ветер на север и пожари на југ

Централниот и северниот дел на Италија ги зафати невреме со силен ветер, обилни врнежи и молњи, а реките и потоците надојдоа преку ноќ се излеаја од коритата и поплавија патишта, куќи и подруми.

Во туристичкиот камп „Маша Марина”, на брегот на Тиренското Море, ветерот собори дрво високо четири метри кое падна на шатор во кој било петчленото семејство. Тригодишно девојче починало на самото место, а две постари ќерки се повредени. Според некои медиуми, починало и 14-годишно девојче.

Во Милано, силен ветер однесе кров на зграда за стари лица, нивото на водата на локалните реки е под постојана контрола поради опасност од излевање, а во северната провинција Венето се бара еден млад човек кој исчезнал откако се излеала локална река.

Во Верона и околината, според изјавата на конзорциумот на земјоделски производители „Колдироти”, обилните дождови со ветрот „предизвикале непроценлива штета на земјоделството”.

И додека северот на Италија е погоден од силни ветрови, дожд и надојдени реки, на Сицилија горат пожари. од вчера голи голем дел шума. Поради високите температури и силниот јужен ветер, пламенот се прошири на површина од околу илјада хектари.

На Сицилија летните пожари се честа појава и во повеќето случаи се подметнати, бидејќи откако пожарот ќе ги уништи шумите, се шпекулира со земјиште што се претвора во плантажи или за изградба на туристички одморалишта.

Треба да знаете
Последни објави