Search

Избори Црна Гора: Ѓукановиќ во водство, опозицијата слави (ВИДЕО)

Според првичните проценки од денешните парламентарни избори во Црна Гора, од обработени 82 проценти од гласовите Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ освоила 34,90 отсто, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 32.7. Коалицијата „Мирот е наша нација“ освоила 12,6 проценти од гласовите.

На денешните избори рекордна беше и излезеноста од речиси 76 проценти, што е за дваипол отсто повеќе од изборите во 2016-та година. На изборите учествуваа шест коалции и пет политички партии.

Гласањето се одвиваше во мирна атмосфера. До ДИК не биле пријавени поголеми инциденти, но евидентирани беа пријавите за масовно кршење на правилата за визуелна идентификација на гласачите. Од избирачките одбори не им барале на граѓаните да ги спуштат медицинските заштитни маски, со што потенцијално се овозможува гласање со друг документ за идентификација.

Црногорците ги дочекаа овие парламентарни избори длабоко поделени, во атмосфера на зголемени политички тензии меѓу владејачката Демократска партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ и опозицијата.

Веќе опозицијата слави сметајќи дека они ќе бидат нови мандатара за составување влада.

https://www.facebook.com/markomilacic1985/videos/1482576168595886/?t=7

 

Треба да знаете
Последни објави