Search

Во Хрватска 262 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 262 нови случаи на коронавирус, со што бројот на активни случаи се искачи на 2.727. Од нив, 229 пациенти се на болничко лекување, а 13 се приклучени на респиратор.

Во последните 24 часа починало едно лице.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, потврдени се 10.123 случаи, од кои 184 починале, а 7.212 оздравеле.

Во самоизолација се 8.879 луѓе.

До денеска, тестирани се 166.638 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави