Прв позитивен тенисер на коронавирус на УС Опен

Утре ќе стартува грен слемот во Њујорк, популарниот Ју-Ес Опен на кој нема да има место за еден од најдобрите француски тенисери Беноа Пер.

Според информациите на францискуите медиуми, Пер кој беше 17 носител на турнирот имал позитивен тест на КОВИД-19 што значи ќе мора да се повлече од овој голем настан. Тој минатава седмица предвреме го заврши дуелот со Борна Чориќ на Мастерсот Синсинати, поточно се предаде при резултат 6:0, 1:0 за хрватскиот тенисер.

Инаку Беноа во првата рунда требаше да се соочи со Камил Мајчхрзак од Полска. Негова замена најверојатно ќе биде Шпанецот, Марсел Гранолјерс.

Треба да знаете
Последни објави