Search

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

Синоќа во 20,15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Босна и Херцеговина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(32) од Демир Хисар и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувана од Д.Е.(20) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Е., а со телесни повреди се здобиле сопатничката од истото возило Љ.Е.(45) и возачот И.К. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави