Search

Традиционална крводарителка акција во Домот на АРМ по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

По повод денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи традиционална крводарителска акција, која оваа година ќе се одржи по одобрени протоколи, согласно пандемијата со КОВИД-19, информираат од Црвен Крст на РСМ.

Заинтересираните граѓани ќе имаат можност од 09 до 17 часот, во Домот на АРМ во Скопје, да учествуваат во ова традиционална крводарителска акција.

Во оваа прилика свое обраќање ќе има секретарот на Црвен Крст на РСМ – Центар и претставник од Институтот за трансфузиона медицина. За изјави ќе бидат достапни и редовните крводарители.

Согласно протоколите, задолжително е носење на заштитна маска.

Треба да знаете
Последни објави