Со богата програма во Прилеп се одржува деветтиот Џез викенд фестивал

Со документарниот филм „Џезмен” од Велибор Педевски, снимен во Њујорк, Софија, Белград и настапот на бендот „Скопје џез инк” синоќа на летната сцена од прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков” беше отворен деветтиот „Џез викенд-фестивал” кој ќе се одржува до сабота.

Со примена на мерките за заштита и држење физичка дистанца, публиката уживаше во музиката и изведбата на музичарите.

Според Снежана Ристеска од здружението ПП „Џез фестивал”, организатор на Џез-викендот, пандемијата ги наруши состојбите, но дозволи на прво место да биде претставувањето на домашната џез сцена.

– Фестивалот го има реномето во земјава и во регионот зашто секогаш претставувал врвни џез музички имиња и состави. Поаѓајќи од мисијата на Фестивалот: поддршка на домашната џез продукција и создавањето нова џез- публикакомбинирана со актуелните протоколи за COVID 19 кои треба да се почитуваат, програмата на Фестивалот е креирана со ангажирање врвни музички бендови и артисти од Македонија. Така ќе биде и вечер и утревечер кога ќе заврши Фестивалот, рече Ристеска.

Трајче Велков од бендот „Скопје-џез Инк” вели дека со пандемијата трпеа уметниците, но не и уметноста.

– Уметниците се оневозможени во настапите, станува збор, можеби, за егзистенцијална криза, но уметноста останува. Овој период го искористив за компонирање, за преиспитување и креативност. македонија има солидни џез-состави, млади уметници кои заедно со реномираните џез-мајстори создаваат одлична основа дека џезот има длабоки корени кај нас, рече Велков.

Публиката ја имаше од Прилеп и од другите градови.

Вечер ќе настапат: квартетот на Оливер Јосифовски, составот „Светлост” а премиерно ќе биде прикажан проектот FUSSION DEFFUSION CONFFUSION“, проект кој содржи оригинални композиции и музички стандарди од егзотичен карактер, измешани со тврд hard rock звук.

Утревечер на програмата на Фестивалот е промоцијата на книгата Press&Play од Ненад Георгиевски.  Ќе настапи и „Next to Silence, музички состав кој во својот репертоар вклучува исклучиво композиции од реномираната европска издавачка куќа ECM. Фестивалот ќе го затворат диско пост- панк активистите  Бернајс Пропаганда” кои имаат пет објавени албуми и се едни од најуспешните и меѓународно признати андерграунд музичари.  Во оф програмата вечер на локалитетот Врбјанска чука (кај селото Славеј) свој перформанс ќе има Antonie AVP Project, а утревечер публиката ќе може да го проследи перформансот на Leonard

Треба да знаете
Последни објави