СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се откажат од потпретседателите во Собрание

Ќе се редуцира бројот на потпретседатели во законодавниот дом. Иако првично беше предвидена бројка од петмина по изјавите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се откажат од своите кандидати се поизвесно е дека бројката ќе се намали на тројца.

Мандатарот Заев и денеска посочи дека доколку најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се откажат да предложат заменик претседател во собранието и тие ќе го следат нивниот пример.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече од кандидат за потпретседател, тогаш и СДСМ ќе се повлече и ќе оставиме простор на помалите, за и бројката на потпретседатели да биде помала.“ – изјави Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат иако ќе се откажат од нивниот предлог, нема да се откажат да учествуваат на собраниската седница на која утре ќе се расправа за идниот владин состав. Од партијата велат дека имаат да изнесат низа аргументи зошто се против програмата но и проитив идниот владин состав во кој наведуваат има многу старо нови познати имиња.

Во исчекување на собраниската седница за избор на влада но и онаа на која пак понатаму треба да бидат именувани и потпретседателите во сеобранието се очекува и најдоцна до октомври СДСМ и ДУИ да ги допрецизираат и директорските позиции.

Распределбата се очекува да почне од септември но како што посочи мандатарот Заев коалициските партнери ќе се воделе по квалитетот на кадрите а не по партиските интереси.

Треба да знаете
Последни објави