Search

Русија го протера норвешкиот амбасадор

Русија донесе одлука согласно која амбасадорот на Кралството Норвешка мора да ја напушти Русија за три дена, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Овој чекор доаѓа по протерувањето на рускиот дипломат од Норвешка.

– Поради непријателскиот чекор на норвешката Влада, која на 18 август го прогласи рускиот дипломат за персона нон грата, руското Министерство за надворешни работи го извести амбасадорот на Кралството Норвешка во Русија Руне Ресаланд дека со одлука за реципроцитет е прогласен за персона нон грата во Русија, соопшти Министерството.

Неговата акредитација ќе истече во рок од три дена, што е, како што се наведува, истиот рок што Норвежаните му го дадоа на рускиот дипломат да ја напушти земјата.

Треба да знаете
Последни објави