Search

По 238 дена штрајк со глад почина турска адвокатка

Турска адвокатка која бараше фер судење откако беше обвинета за членство во терористичка организација почина во болница во Истанбул на 238. ден од штрајкот со глад.

Пријателите на Ебру Тимтик (42) велат дека таа тежела само 30 килограми кога починала и нејзината смрт предизвика жестока осуда од опозициските партии и од странство. Полицијата растерала стотина пријатели и поддржувачи на Тимтик кои сакале да дојдат до нејзиното тело во болницата. Европската Унија соопшти дека смртта на Тимтик ги нагласува недостатоците на турскиот правосуден систем.

Тимтик беше членка на Здружението на современи адвокати, левичарска група обвинета дека е поврзана со забранетата крајнолевичарска марксистичка организација ДХКП-Ц, која презеде одговорност за неколку смртоносни напади во Турција, вклучувајќи го самубиствениот бомбашки напад на американската амбасада во Анкара во 2013.

Тимтик беше приведена во 2018 и потоа осудена на 13,5 години затвор.

Треба да знаете
Последни објави