Search

Во Сингапур рекорден број на заболени од вирусот денга

Сингапур се соочува со рекорден број случаи на заразени со вирусот денга, тропска болест што ја пренесуваат комарците.

Сингапур, град-држава со 5,7 милиони жители, годинава регистрира повеќе од 26.000 случаи на денга, број што веќе го надмина годишниот рекорд од 22.000 случаи, утврден во 2013 година, а бројот на смртни случаи досега е 20.

Оваа болест може да предизвика силна треска што доведува до внатрешно крварење и состојба на шок.

За споредба, со коронавирусот во Сингапур досега се заразиле 56.000 луѓе, а бројот на смртни случаи од Ковид-19 е 27.

Треба да знаете
Последни објави