Search

Арсовски: Еуростандард е трајно обезвреднета, Нина си ги повлече парите, но никој не знае дали ќе има и за граѓаните

Власта свесно дозволи Еуростандард банка да пропадне, и создаде афера тешка 200 милиони евра, а со тоа е и свесен причинител на хаосот и неизвесноста кој им се случува на стотина илјади граѓани во Република Македонија.

 

Покрај Нина Ангеловска виновен е и Зоран Заев, кој за случајот Еуростандард знаел цела година и не преземал ништо е директно виновен за штета која им се случила на сите граѓаните штедачи во банката, примателите на пензија и социјална помош од истата, но и оние кои од таму земале плата, но вклучително и  врз акционерите кои што имале акции во истата банка.

 

Дополнително ако се додаде и фактот дека струмички фирми се дел од фирмите кои со над 50 милиони евра непокриени кредити, поради кои банката пропадна се дел од цела оваа конструкција се поставува прашањето дали некој свесно ја однел банката во пропаст?!

 

Струмичките компании преку кои се изнесувале парите во форма на кредити од банката се сомневаме дека се блиски директно до Зоран Заев. Тоа се истите компании кои се партнери во бизнисите на семејството Заеви.

 

Почитувани,

 

Со самото не преземање и носење во стечај на банката трајно е обезвредната нејзината вредност и секој потенцијален инвеститор кој би сакал да ја спаси ќе има стотина илјади корисници помалку, кои веќе направија сметки во други банки и се исплашени да бидат во иста. Така единствено нешто кое останува е имотот на банката кој во овој случај, како и во сите случаи кога се продава стечајна маса може да оди и под паритет, односно да се продаде по цени далеку пониски од неговата реална вредност, и на тој начин да се оневозможи целосно покривање на клиентите на банката.

 

Целиот однос на власта кон случајот Еуростандард покажува дека не им е гајле за граѓаните, туку единствено само за својот личен и бизнис интерес, тоа го гледаме и од случајот со Нина Ангеловска, која ја искористи својата положба и си ги повлече своите 250.000 евра од банката, додека стотици илјади граѓани останаа со заглавени пари депозити и сметки.

 

Доколку власта мислеше на граѓаните немаше да ги користат своите позиции за спас на своето богатство, додека од друга страна граѓаните тонат и пропаѓаат во сиромаштија.

 

Доколку имавме правна држава Нина Ангеловска веќе ќе се соочеше со кривична одговорност, но тоа во Македонија не е случај, затоа што тука судството е под контрола на Зоран Заев и никој кој има конекции со власта за ништо не одговара.

 

Одговорност мора да има и ќе има!

 

Прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ се откажува од потпретседателското место во Собранието?

 

Одговор: ВМРО-ДПМНЕ јавно се изјасни дека ниту прифаќа, ниту пак ќе предложи потпретседател на собранието. За ваквиот чекор кој што го правиме има две причини. Првата е дека има толку многу потпретседателе и економски е неоправдано затоа што се трошат парите на граѓаните, втората станува збор за позиција која што е измислена од страна на СДСМ и Зоран Заев само за да може да тргуваат со функции. Ова е вештачка тема, креирана и наметната од страна на СДСМ и Заев изминатите неколку денови за да се зборува и да се одвлече вниманието на оваа тема, во време кога гледаме дека само за 5 месеци 40.000 луѓе останале без работа.

 

ВМРО-ДПМНЕ му советува на Заев наместо да зборува дали ќе се додава или ќе се одзема функција потпретседател во собранието, тој да се обиде да не краде за да може да има повеќе пари за граѓаните.

 

Прашање: Утре почнува дебатата за избор на нов владин кабинет, дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во оваа дебата со оценка за предложените министри?

 

Одговор: Апсолутно дека ќе учествуваме и ќе гласаме против. Во таа дебата во која ќе учествуваме имаме илјадници, илјадници причини каде што ќе дебатираме за старо новите кадри, криминални кадри на СДСМ кои што се исполнети со криминални афери, со непотизам и со ред други афери и скандали кои што ги следеа изминатите неколку години. Така да оваа влада која што ја предложи Зоран Заев како старо нова влада на СДСМ е крајно криминална, корумпирана и со низа скандали. Ние имаме апсолутно причина да дебатираме во собранието и да ги изнесеме сите ние аргументи зошто не треба оваа влада да биде на чело на државата, и зошто овие министри не треба да бидат министри во оваа држава.

 

Прашање: Јас имам неколку прашања. Првото ми е околу поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Весна Дамчевска Илиевска која вчера објави дека доаѓале луѓе на нејзината врата и се заканувале дека е мета на говор на омраза и напади поради тоа што дојде овде пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и побара вонреден конгрес заедно со групата од Иницијативниот одбор. Кој стои зад ова?

 

Одговор: Би бил многу краток и јасен. Монтажа и конструкција која што е дел од ново промовираната коалиција помеѓу иницијаторите и Зоран Заев и не би имал што да коментирам повеќе?

 

Повторно потенцирам монтажа и конструкција. Додека пак институциите да истражат доколку би биле непартиски, доколку не би биле под капата на Зоран Заев да истражат што точно се случило. Но, еве јас од оваа говорница ви кажувам монтажа и конструкција.

 

Прашање: Иницијаторите секојдневно преку прес конференции или преку друг вид на контакт со јавноста повикуваат на ВМРОД-ПМНЕ да свика вонреден конгрес. Господинот Мицкоски веќе некое време го нема во јавноста каде е тој во моментот и кој е ставот на партијата кон овие повици кои што ги испраќаат секојдневно?

 

Одговор: Веќе одговорив на ова прашање пред неколку дена, но ќе го повторам уште еднаш. Претседателот Мицкоски е тука во партијата со своите секојдневни редовни обврски кои што ги обавува како претседател на ВМРОД-ПМНЕ. А во однос на повиците за вонреден конгрес веќе одговоривме на тоа прашање и мислам дека не би имале потреба да се преповторуваме.

Треба да знаете
Последни објави