Антонио Бандерас го победи коронавирусот

Познатиот актер Антонио Бандерас ја извести јавноста преку социјалните мрежи дека по три недели, конечно е негативен на коронавирусот.

Тој доби позитивен резултат на денот на неговиот шеесетти роденден.

Актерот исто така објави дека немал сериозни проблеми освен дека бил поуморен од вообичаеното.

Времето во изолација го минал читајќи, пишувајќи и одмарајќи се.

Треба да знаете
Последни објави