Ѕвезда на Ливерпул понуден на Барселона како замена за Меси

Садио Мане кој одбива да го продолжи договорот со Ливерпул би можел да се пресели на Камп Ноу ако Меси замине од Барселона.

Барањето на Меси да си замине од Барселона предизвика вистински земјотрес на трансфер пазарот, а ефектот може да го почувствуваат и други клубови.

Се шпекулира дека агенти го понудиле Мане на Барселона доколку Меси замине од клубот.

Ливерпул на Мане му понуди нов богат договор, но фудбалерот одбива да стави потпис за продолжување на соработката, се шпекулираше дека чека понуди од Реал Мадрид и ПСЖ, но сега се отвора опција за заминување во Барселона.

Како адут во оваа зделка се посочува новиот тренер на Барселона, Роналд Куман. Токму Холанѓанецот го донесе Мане во Саутемптон каде двајцата заедно беа две години.

Куман многу добро го познава Мане и знае како да го извади најдоброто од него, па би можел во Сенегалецот да гледа ублажување за отсуството на Меси.

Мане во договорот нема откупна клаузула, но се верува дека неговата цена на пазарот изнесува околу 120 милиони евра.

 

Треба да знаете
Последни објави