Search

Турција најави воени вежби во областа за која се спори со Грција

Турција денеска најави дека на 1 и 2 септември ќе одржи воени вежби во Источниот Медитеран, во среде тензии со Грција, поради сеизмичките истражувања во таа област.

Најавата на Анкара следи неколку часа пред грчкиот парламент да го ратификува договорот со Египет за дефинирање на поморските граници меѓу двете земји, а кој Турција го смета за нелегитимен.

Грција и Турција, двете членки на НАТО, се спорат околу контролата над водите од Источен Медитеран и правата на експлоатација на јаглеводород.

Тензиите ескалираа кога турската морнарица на 10 август објави дека нејзиниот брод „Оруш Реис“ ќе спроведе истражувачко дупчење во спорната област во следните две недели.

Треба да знаете
Последни објави