Search

Се роди со само 820 грама, а денеска Максим си замина од ГАК со 2,4 килограми

Од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство информираат дека предвреме роденото бебе Максим, кое дојде на свет на 5 јуни во 25-та гестациска недела, денеска си замина дома од оваа установа.

Максим се родил со родилна маса од само 820 грама, а од Клиниката за гинекологија замина со 2.400 грама. Неговата мајка, Роза Апостоловска од Скопје се породи со царски рез и Максим и нејзино прво дете.

Новороденчето поминало 40 дена на Одделот за интензивна нега и терапија и било на механичка вентилација.

Од Клиниката, велат дека, заминал во добра општа состојба и со пораст на телесната маса, по два и пол месечната грижа на педијатрите и целокупниот медицински персонал.

-Благодарение на добрата организација и на постојаното доопремување со најсовремена апаратура за предвремено родени бебиња на Одделот за интензивна нега и терапија добивме уште една битка за живот. Го испративме Максим дома со радост и желби за среќно и безгрижно детство– истакнуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Треба да знаете
Последни објави