СДСМ со својата влада единствено ветува сиромаштија и невработеност

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

 

„СДСМ со својата влада единствено ќе донесе повеќе криминал и сиромаштија.

СДСМ со својата нова влада не ветува подобар живот за граѓаните, единствено подобар живот ќе има за бизнисите на семејството Заеви.

Црните биланси од неспособноста и неодговорноста на оваа криминогена власт на Заев се гледаат и во економијата.

За три месеци генерираа една милијарда нов долг, а од тоа нема никаков ефект. Нема капитални инвестиции и стопанството тоне.

Невработеноста е зголемена за нови 36 илјади невработени лица.

Просечната плата во април во споредба со февруари беше помала за 1.367 денари, а скоро 30 илјади лица не земаат редовно плата.

Власта на Заев посегна по поскапување на струјата за 7,5%, со цел да ги покрие матните тендери кои фирмите блиски на Заеви ги земале од енергетските компании.

Македонија е единствената земја во која пропадна една банка. Во овој скандал тежок скоро 200 милиони евра најмногу настрадаа граѓаните. Близу 100.000 сметки останаа блокирани, а 40.000 пензионери нема да ја земат редовно својата пензија.

Поради лошите политики на СДСМ и Заев Македонија е земја во која 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија,а кланот на Заеви се богати.“

Треба да знаете
Последни објави