Search

По повеќе од една година, Селена Гомез сподели фотографија во бикини

Селена Гомез ги изненади своите 189 милиони следачи на Инстаграм, со многу ретка фотографија во бикини. Последен пат кога се појави на социјалните мрежи во слично издание беше февруари 2019 година.

Пејачката на мега-хитот „Come And Get It“ изгледа прекрасно како морнарка во дводелен костим за капење во црвено-бели пруги, бела морнарска капа и нараквици.

Гомез се подложи на трансформација за претстојното објавување на музичкото видео за нејзиниот нов сингл ICE CREAM во кој се појавува и јужнокорејскиот женскиот бенд „Блекпинк’.

Треба да знаете
Последни објави