Search

Општина Кисела Вода најостро го осудува вчерашното оштетување на новото детско игралиште во УЗ „11 Октомври“

Општина Кисела Вода информира дека неодамна направеното ново детско игралиште во урбаната заедница „11 Октомври”, вчера беше оштетено од несовесни граѓани.

Општината најостро ги осудува сторителите на ваквото дело, и воедно ги повикува граѓаните доколку забележат дека некој врши оштетување на јавните добра, урбана опрема, детски и спортски игралишта и сл. веднаш да пријават во полиција.

Општина Кисела Вода порачува: Да ги чуваме детските игралишта, за да имаат каде да си играат, да се радуваат, да се развиваат и да се дружат дечињата.

Треба да знаете
Последни објави