Search

Николов и Муслиу со Мол Види Фехервар се пласираа во 2. квалификациско коло од Лига Европа

Македонските фудбалски репрезентативци, Бобан Николов и Висар Муслиу кои се членови на унгарскиот Мол Види Фехервар ќе играат во 2. квалификациско коло од Лига Европа.

Унгарците денеска го елиминираа ирскиот Бохемијанс со подобро изведување на пенали (4:2). По регуларните 90 минути и продолжението мечот заврши 1:1.

Во пенал рулетот погоди и Николов кој влезе во игра во 101 минута, Муслиу денеска не доби шанса.

https://youtu.be/n-XnVy3qAis

Треба да знаете
Последни објави