Search

Милевски го објави списокот на фудбалери за натпреварите против Шпанија и Фарски Острови

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на почетокот од следниот месец ги продолжува квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство. Селекцијата предводена од Благоја Милевски на 3 септември ја пречекува Шпанија (18:45 часот, Национална арена „Тодор Проески), додека на 8 септември гостува на Фарски Острови.

Селекторот Благоја Милевски повика 24 играчи кои ќе конкурираат за настап на двата натпревари.

Голмани: Ристе Јанков (Работнички), Давид Денковски (Брегалница), Марио Алчевски (Академија Пандев);

Одбрана: Агрон Руфати (Истра, Хрватска), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Тодор Тодоровски (Осиек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев), Никола Серафимов (Академија Пандев), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Марио Младеновски (Фремад Амагер, Данска);

Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ, Кипар), Кристијан Ацковски (Брегалница), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Димитар Тодоровски (Работнички), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Ердон Даци (Коњаспор, Турција);

Напад: Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Кристијан Трапановски (Академија Пандев), Давид Тошевски (Ростов, Русија), Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Љавдрим Фазлиу (Пелистер);

–  Поради промената во системот за натпреварување и начинот за пласман на Европското првенство, (првопласираните по група и петте најдобро пласирани втори репрезентации обезбедуваат место на ЕП), не ни преостанува ништо друго освен да се обидеме да освоиме колку што е можно повеќе бодови до крајот од квалификацискиот циклус. За овие натпревари ќе ни недостасуваат, односно нема да сметаме на Јани Атанасов и Емил Абаз, фудбалери кои се уште го немаат решено клупскиот статус, а поради повреда го немаме ниту Хајдари, вели Милевски во изјават за ФФМ.

Треба да знаете
Последни објави