Search

Меси и Суарез на тајна вечера

Барањето на Лео Меси да си замине од Барселона е топ тема во светски медиуми, а атмосферата во каталонскиот клуб врие.

Незадоволните навивачи веќе две вечери се собираат пред просториите на клубот, ано се поизвесно е дека Аргентинецот ќе си замине независно од одлуката на клубот.

Новинаарите вчера ги фатија на „тајна вечера“ Меси и клупскиот колега Луис Суарез, кој е негов голем пријател. Многумина тврдат дека одлуката да си замине дошла откако новиот тренер на Барса, Роналд Куман го отпишал Суарез, а на Аргентинецот му рекол дека повеќе нема да има привилегии во тимот.

Дали ова била последна вечера во Барселона за двајцата фудбалери или, пак, кроеле некоја стратегија за иднина, не е познато.

Треба да знаете
Последни објави