Search

Мајката скршена по провалата во домот на Секондо: Го осквернавија и силуваа единственото што ми остана од Пино

Маја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо на Фејсбук објави дека е провалено во нивната куќа во населбата Петровец.

„Може све да ми земете, и куќа и ниви и све!!! Ама тоа што го носам во срцето никогаш никој нема да ми го украде или земе. Парите доаѓаат и одат ама чистата душа пред Господ нема вредност!!!
Тие што со нивните гнасни раце ја провалија мојата куќа и собата на Пино проклети да бидат! Црна иднина за сите нивни нај блиски и нај сакани! Идиоти!!!, напиша Трпковска.

Таа во моментов е во Италија со семејството, а за 24 Инфо изјави дека доста работи од Пино се украдени.

-Криво ми е за собата на Пино, ја чував како храм, ретко влегував внатре. За мене тоа беше единственото што ми остана од него. Ми го силуваа единственото што остана од него, вели Трпковска.

Таа објасни дека пред еден месец било провалено и во механичарската работилница на Пино, каде поправал автомобили. Во куќата влегле преку една од вратите во дневната соба.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=4322031371204135&set=a.551765748230735&type=3

 

Треба да знаете
Последни објави