Search

И градинките ќе се отворат на 1 октомври

Надлежните прават напори и градинките да се отворат од 1 октомври, јави телевизијата Канал 5. Според информациите кои се обелоденети предност за прием во градинка ќе имаат децата чии родители мора да одат на работа и не можат да работат од дома, а за тоа ќе треба да приложат потврда од работа.

Директорите на градинките подготвиле проткол според кој во една група би имало 15 деца, задолжително мерење на температура, посебни постелнини за секое дете, раздалеченост меѓу креветите и други правила кои ќе треба да ги применат градинките.

Иако повеќе пати беше најавувана конечна одлука за почеток на градинките, надлежните уште не соопштиле ништо. Владата веќе донесе одлука дека школската година ќе почне на 1 октомври со комбинирана настава.

Треба да знаете
Последни објави