Search

ЕУ потпишала договор за купување на 300 милиони вакцини против коронавирусот

Европската унија потпиша договор со британската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ за идно купување „можна вакцина“ против болеста Ковид-19, со цел снабдување на државите членки, соопшти денеска Европската комисија.

Европската комисија наведува дека со договорот се предвидува 27 земји од ЕУ да откупат 300 милиони дози на „можна вакцина“, со можност да купат уште 100 милиони.

Договорот дозволува купените вакцини да се поклонуваат на посиромашните земји или да се пренасочуваат кон други европски земји.

Обично се потребни години за развој на вакцина, а сега во светот има повеќе од десет против Ковид-19 во раните фази на тестирање.

Треба да знаете
Последни објави