Search

Во тетовската касарана одбележан денот на третиот пешадиски Баталјон

Тетовската касарната „Кузман Јосифовски – Питу” денес согласно протоколите и препораките за заштита од Ковид-19  со воена свеченост го одбележа денот на единицата 27-ми Август – Денот на третиот пешадиски Баталјон.

-Поради протоколите и мерките свеченоста е организирана  без присуство на цивилни гости, пријатели на тетовската касарна кои во минатите години секогаш биле дел од армиските свечености, соопшти подофициерот за односи со јавноста Зеќирија Алими.

На свеченоста, како што соопштија од касарната, присуствувал командантот на 1. пешадиска бригада, полковник Бесник Емини, кој со свој пригоден говор им го честитал Денот на единицата на сите припадници. Покрај командантот на свеченоста присуствувале и командантите на останатите единици на Армијата и поранешни команданти на единицата.

Денес одбележуваме уште еден ден во вековната борба и стремежите на многу генерации за слободна и независна држава, а денешната свеченост е уште една можност да се потсетиме на нашите славни предци и нивните херојски дела, истакна по повод денот на единицата, командантот на  третиот пешадиски Баталјон и тетовската касарна потполковник Изеир Ејупи во своето обраќање.

Ејупи се осврна и на неодамнешното одликувањето на Баталјонот со орден за воени заслуги.

-Патот до успехот е сигурен само кога зад себе имате професионален, вреден, чесен и лојален тим, честа и задоволство му припаѓа на 3.пешадиски баталјон што има таков состав, а среќата и привилегијата на раководителот – командантот кој раководи со таков тим при што не претставува поголема потошкотија да го достигне успехот, рече Ејупи.

На свеченоста, беа интонирани државната химна, химната на Армијата и химната на НАТО, а по повод денот на единицата беа доделени поголем број на стимулативни мерки, унапредени и наградени и пофалени се старешини и војници.

Со одлука на Врховен командант на вооружените сили, 27 ми август е прогласен за „Ден на 3. третиот пешадиски Баталјон во чест и сеќавање на традициите од 15-та Поречка ударна бригада, која била формирана на овој ден во далечната 1944 година

Треба да знаете
Последни објави