Во Словенија 33 нови случаи на Кови-19

Во Словенија, од 1.299 тестирани примероци, коронавирусот е потврден кај 33 лица, објави денеска словенечката влада.

Хоспитализирани се 23 лица, што е за три повеќе од претходниот ден, а ниту еден пациент не е на интензивна нега, пренесува агенцијата СТА.
Нема нови смртни случаи, така што бројот на смртни случаи од коронавирус останува 133.

Досега се потврдени 2.755 случаи на коронавирус во Словенија, а во моментов се активни 423 случаи на инфекција.

Треба да знаете
Последни објави