Search

(Видео) Од авион се извадени патници кои биле позитивни на коронавирусот

Патници во авион кој требало да патува од Лондон за Пиза со компанијата „Рајанер“  ги фатило паника откако медицинскиот персонал влегол пред полетувањето и извадил двајца патници кои се покажале како позитивни на Ковид-19.

Инфицираниот патник и неговата придружба биле принудени да се симнат од авионот неколку минути пред полетувањето од Лондон и биле пренесени во изолационата зона на аеродромот, каде ги чекале здравствените власти.

Нивните места биле дезинфицирани пред да полета авионот за Пиза.

Двајцата носеле маски, а во авионот останале многу кратко околу 10 минути.

Од компанијата велат дека мал е ризикот за останатите патници и екипажот бидејќи сите тие носеле маски.

Во шокантното видео се гледа како тројца службени лица облечени од глава до петици со заштитна опрема приоѓаат до лице во авионот додека член на екипажот се обидува да ги задржи патниците на своите места.

Треба да знаете
Последни објави