Search

Белгија: Пад од осум отсто на новозаразени од Ковид-19

Белгискиот институт за јавно здравје, Сиенсано, соопшти дека бројот на новозаразени со коронавирус продолжува да се намалува.

Помеѓу 17 и 23 август се бележи пад од осум отсто во споредба со претходната недела.

Бројот на починати е исто така значајно намален – на шест смртни случај дневно, или пад од 44 отсто во однос на претходната недела.

Од почетокот на пандемијата починале 9.879 лица вкупно, соопшти институтот.

Според податоците на институтот, 53 отсто од починатите се жени, просечната возраст на овие жртви е 83 години. Лицата над 85 годишна возраст, без разлика на пол, остануваат најризична категорија.

Најголем број заразени има во Брисел и околината, каде бројот на инфекции е пораснат за седум отсто, или 128 новозаразени дневно.

Владата потсети дека најголем фактор на ризик се патувањата и ги повика граѓаните да ги почитуваат правилата на тестирање и домашен карантин при враќање од странство, посебно од портокалови и црвени зони. Речиси една четвртина од новозаразените случаи се лица вратени од странство.

Треба да знаете
Последни објави