Латиновски: Само Мицкоски верува дека победил на изборите, ако нешто не се смени, поразот на локалните нѝ е загарантиран

Дел од иницијативата за промени на раководството во ВМРО-ДПМНЕ е и поранешниот градоначалник на Бутел, Петре Латиновски. Тој во интервју за Слободен печат открива кои се суштинските разлики меѓу ставовите и политиките на иницијаторите за промени и на актуелното раководство на партијата и вели, убеден сум, доколку не се смени нешто во партијата, поразот на локалните избори ни е загарантиран.

Латиновски е член на ВМРО-ДПМНЕ од  1998 година. Извршувал повеќе партиски функции во изминатите 22 години и има оставено силен личен печат во развојот на партијата. Тој е прв градоначалник на Општина Бутел избран во 2005 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција. На наредните локални избори во 2009 и 2013 година е реизбран со огромна доверба од граѓаните на општина Бутел. На функцијата е до 2017 година, кога се повлекува од  лични и здравствени причини.

Меѓу другото, Латиновски прашува, доколку Мицкоски се држи толку до процедурата, последно што слушнавме во од ЦК и ИК беше дека го овластиле претседателот да преговара за составување на влада, има ли нешто ново за неуспехот во преговорите?

„Со секој изминат ден, поддршката е се поголема. Членството и јавноста гледаат дека од другата страна која е против вонреден конгрес нема ниту еден аргумент во одбрана на политиките кои ги застапува господинот Мицкоски, ниту пак никој од актуелното раководство не излезе со аргументи против оваа иницијатива, како да чекаат ние постарите членови да кажеме, доста беше, зашто се молчи не знам…
…Еве интервјуво нека го сметаат за официјално барање за свикување конгрес, иако периодов зачестија тие барања, а во периодот што следи ќе ги има уште повеќе. Тоа што на Мицкоски му треба официјално барање за да се соочи со делегатите кои го избраа, повеќе говори за неговиот однос отколку за држење до процедурите…
…Во моментов Мицкоски нема легитимен Извршен комитет, а наводно чека формално барање. Последно што слушнавме од ЦК и ИК беше дека после победата го овластиле да преговара за составување влада. Има нешто за неуспехот во преговорите?
…Ние како иницијативен одбор немаме фаворит за лидер. Може индивидуално некој и да преферира некого, но како одбор ние сме фокусирани на организирање на конгресот. Не сме разговарале дали би предложиле или поддржале некого. Во моментов приоритет е да се избере ново раководство бидејќи со старото поразот ни е загарантиран и на локалните избори.“

Треба да знаете
Последни објави