Ѓукановиќ: Во Белград е составена антицрногорска коалиција

Црногорскиот претседател и претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ рече дека опозициска антицрногорска коалиција е формирана во Белград и оти е јасно дека тие не и сакаат добро на Црна Гора.

– Претпоставувам дека тоа не треба да се докажува … Тоа и не се крие. Тоа не го кријат ниту тие тоа не го крие ниту Белград кој на сите можни начини се обидува да им помогне, рече тој за време на предизборен митинг во Рожаје, соопшти ДПС.

Образложувајќи го својот став, тој рече дека од високи адреси во Белград им се даваат инструкции на оние Црногорци на кои можат да влијаат, да дојдат во Црна Гора и да одат да лобираат за исчезнување на државата Црна Гора кај своите водачи, роднини и пријатели.

– Да погледнеме каква медиумска и политичка војна се води против Црна Гора … Да ги погледнеме овие карикатурални авто-литии со кои се прави обид да се пренесе тој антицрногорски набој врз што повеќе граѓани внатре во Црна Гора, рече Ѓукановиќ.

Тој додаде дека ДПС нема да дозволи мрачната идеологија од средниот век да се нуди како светилник за иднината на црногорското општество.

Ѓукановиќ рече дека „нивната актуелна понуда е Црна Гора да се откаже од себе и својата европска иднина и да застане под чадорот на Белград и Москва. Овој пат, како што истакна, ја збогатиле со идејата дека Српската православна црква (СПЦ) управува со Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави